Search
Close this search box.

ВО ТЕАТАРОТ ИМА ЕНЕРГИЈА ЗА КОЛЕКТИВНИ ИГРИ

Нела Витошевиќ, режисер

ВО ТЕАТАРОТ ИМА ЕНЕРГИЈА ЗА КОЛЕКТИВНИ ИГРИ

,,Соработката со прилепскиот театар дојде спонтано. Со повеќето актери сме генерација така што беше природно да се споиме. Ансамблот има одличен потенцијал за подготовка на претставата “Змејовата невеста”. Вака вели режисерката Нела Витошевиќ, која со младите актери од театарот ги започна пробите за новата претстава по текст на Димитар Молеров. Потенцира дека е радосна што соработува со младиот ансамбл со  најголем ентузијазам за творечка работа.  Задоволство ми е што првпат работам со најспремниот тим полн со енергија за колективен процес – додава Витошевиќ.

 

 

Димитар Молеров според неа е автор, кој е крајно уникатна личност, кој творел од крајот на деветнаестиот и почетокот на дваесетиот век и имал специфичен стил на пишување.

 

– Текстот е отворен, говори за забранета љубов меѓу девојка и змеј, една бајковита структура интересна за в театар. Сакаме да направиме целина со музиката на Огнен Анастасов.Тоа ќе биде  подруг пристап на музика, поразличен од она што досега го имало во прилепскиот театар. Моментно истражуваме како најдобро да се постават основите  –  додава режисерката.

 

Премиерата на претставата во која ќе играат младите актери се планира за почетокот на мај.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања