НУ Центар за култура Марко Цепенков
Театар Војдан Чернодрински – Прилеп
Премиера на 29.11.2025 година
ЦРНИЛА
Коле Чашуле
Режија: Дејан Пројковски
Сценографија: Валентин Светозарев
Костимографија: Марија Пупучевска
Музика: Горан Трајкоски
Драматург: Лидија Митоска-Ѓорѓиевска
Дизајн на плакат: Сергеј Светозарев
Играат:
НЕДА – Сара Спиркоска
ИВАН – Бобан Алексоски
МИЛКА – Катерија Чакмакоска-Клинческа
ЛУКОВ – Александар Степанулески
ХРИСТОВ – Александар Тодески
ФЕЗЛИЕВ – Димитар Ѓорѓиевски
МЕТОДИ – Михајло Миленкоски
МЛАДИЧОТ – Илија Волчески
ДЕЦА – Иво Ачански, Ангелина Тодеска, Давид Кочоски, Ива Малинческа
Техничка екипа
Инспициент – Елена Иваноска
Светло мајстор – Ристе Гркоски
Тон мајстор – Томе Темелкоски
Сликар исполнител – Пеце Ристески
Реквизитер – Гоце Тодороски
Гардеробер – Снежана Ѓорѓиоска
Фризер-перикер – Даринка Богоеска
Декоратери – Сашо Смоквоски, Роберт Стојкоски, Владимир Владимироски, Јане Јанкулоски
Претставата е финаниски поддржана од Министерството за култура и туризам.
На режисерот Дејан Пројковски ова му е прва претстава во театарот „Војдан Чернодрински“ и тоа со претстава, како што вели, која е еден од лајт-мотивите, или, голем рефрен во македонската драматургија, која што зборува за лекциите кои тешко ги учи Македонецот низ историјата.
„ Работејќи ја претставата, постојано имав една мисла: „Македонец уби Македонец за Македонија“. Различните идеали, ставови , концепти и разбирања за идентитетот, за татковината, за историјата, сега се погледнати низ наша визура. „Црнила“ на Чашуле е еден од текстовите кој го имаме како бреме и секоја театарска генерација, заедно со публиката секогаш се преиспитуваме на истите теми: Што сме направиле и што треба да направиме, или, што сме научиле за некои работи да не се повторуваат, односно да не се случуваат…. Нашите ликови во „Црнила“ малку се заглавени во калта од сопствените пороци и предавство, а од друга страна, се со константен сремеж и поглед кон небото. Всушноист, тоа растргнување меѓу желбите и можностите ги прави сите да се растегнуваат како жиците на гитарата. Работев во период кој што мислам дека беше многу важен за театарот и сите планини кои треба да се искачат. Секогаш треба да се работи и да сме тука кога е тешко и кога е важно. Брехт вели дека театарот не зградата туку луѓето и сега беше важно да се радуваме на сите прекрасни луѓе кои го прават прилепскиот театар. Се надеваме дека ќе ги видиме во нивниот вистински дом…..Претставата е актерска и режисерка исповед и ја работевме без заземање став. И мило ми е што отвора дијалог за тоа дека мора во одредени моменти да имаме заеднички ставови, а црнилата се секогаш во македонската историја како резултат на поделбите – вели режисерот Дејан Пројковски.







