Уредничката редакција на списанието за литература, уметност и култура „Стремеж“, дел од литературно-издавачката дејност при НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп, отвора јавен повик за достава на текстови (поетски творби, епски творби, прозни текстови, драмски текстови, осврти, есеи, стручни трудови) до сите автори кои се заинтересирани да партиципираат со прилози.
Прилозите да се испраќаат на официјалната електронска пошта од списанието – [email protected] – исклучиво адаптирани во согласност со прецизно наведените услови, упатства и правила за структурирање на текстовите.
Деталните услови и упатства за начинот на структурирање на текстовите и правилата кои треба да се запазат при аплицирањето можат да се најдат во темелниот прирачник со упатства за автори во продолжение.







