Македонска премиера на документарниот филм “Повратна карта”

Македонска премиера на документарниот филм “Повратна карта”

Во понеделникот, 13 август 2012, на камената бина на плоштадот Александрија премиерно беше прикажан македонско – словенечкиот документарен филм “Повратна карта,,, во кој  се пренесени приказни на Македонци и Словенци кои се поврзале заради различни причини – љубов, туризам, историја…

Филмот е во режија на Тадеј Чатер, по сценарио на прилепчанката Билјана Зероска Становник, која живее и работи во Љубљана. Во јанаури годинава беше прикажан на словенечката национална телевизија и предизвика голем интерес. Наскоро премиера ќе има и на МТВ.

 Премиерата на филмот, сниман 2011 година, беше во рамките на манифестацијата “Цело лето – културно лето” организирана од  ЦК “Марко Цепенков” и општина Прилеп.

,,Повратна карта,, планирано е да се прикаже на повеќе  меѓународни филмски фестивали..

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости

Бидете секогаш во тек со новите случувања