„ПЕЈЗАЖИ НА ДУШАТА“ од Марина Костојчиновска Узунчева
Творештвото на академскиот уметник Марјана КостојчиноскаУзунчева e претставено во галеријата„Борко Лазески“. Таа се претставува со колажи на платно или дрвена подлога. Конструкцијата на сликата е изградена со помош на разновидни парчиња на материјали, народни везови, поставувајќи ги стратиграфски, слоевито едно под друго. Дополнително уметникот интервенира со помош на сликарска боја.
Изложбата ја отвори историчарот по уметност Викторија Димеска која посочи дека во делата од Костојчиноска се забележува стремежот за создавање евокативна уметност.
-Уметникот претставува активен чинител преку уметнички чин и примена на различни методи, било со калиграфија или редење на различни структури на материјата. И посетителот станува активен чинител и дел од уметничкото дело преку набљудување низ еден имагинативен прозорец и одредена временска рамка, навлегувајќи во платното и постигнувајќи единство со уметничкото дело – рече Димеска.
Д-р Марјана Костојчиноска Узунчева, член на ДЛУМ, има освоено неколку награди за сликарство, реализирала повеќе изложби, а била учесник на значајни ликовни колонии.