Од 5 до 18 Јуни 2026 во Ликовната галерија на ЦК „Марко Цепенков“ беше отворена изложбата „ДЕТСКИ ЦРТЕЖ“ од Ателје Артика. Беа изложени 150 цртежи на ученици кои посетуваат настава во ателјето. Изложбата беше поддржана од Министерство за култура и труизам.
Ателје Артика е основано во 2021 година, претставува простор посветен на креативноста, уметничкото истражување и развојот на ликовниот израз. Во ателјето се реализираат часови по цртање, сликање, графика и скулптура, наменети за деца, млади и возрасни со различни интереси и нивоа на искуство. Преку внимателно осмислен образовен процес, Ателје Артика ја поттикнува љубопитноста, како и креативното размислување и индивидуалниот уметнички развој на своите ученици. Наставата се фокусира на стекнување на технички знаења, но и на охрабрување на личниот израз и создавање на уметнички дела со сопствена автентичност.
Ателјето е предводено од ликовните педагози Елена Димоска Николоска и Методи Исков, кои преку своето искуство и посветеност создаваат средина што поттикнува учење, истражување и инспирација преку уметноста и креативното изразување.







