Традиционално и оваа година, од 10 до 17 октомври 2026 во Ликовната галерија беше отворена изложбата на дела од ликовните уметници, членови на Друштвото за ликовни уметници од Прилеп – ДЛУП.
Со дела се претставија : Филип Јовески, Марта Макеска, Методи Исков, Елена Димоска Николоска, Лепа Милошевска, Верче Николоска, Бојана Артиновска, Ангелка Башеска, Марјан Стојаноски, Кирил Гегоски, Емил Солески и Дарко Талески, кои го презентираа годишното творештво.
Изложбата беше поддржана од Министерството за култура и туризам.







