Изложба „Живееме, Танцуваме, Тагуваме“ од Моника Десоска Каргова
Во ликовната галерија е отворена изложбата на дела „Живееме, Танцуваме, Тагуваме“ од уметницата Моника Десоска Каргова.( 6.7 .до 19.7.2018)
Изложбата ја отвори Ана Јосифовска, потенцирајќи дека почетокоците на Моника и се од оваа институција.
– Нејзините дела претставуваат флуидна структура, со колоритна експлозија која го наведува набљудувачот на индивидуален, интимен разговор. Делата не заведуваат со минималистичко претставување на фигурите, кои танцуваат, разговараат и ненаметливо ни ја раскажуваат приказната. Моника Д.К. ја постигнува илузијата на простор, преку играта на бојата притоа не нарушувајќи ја минималната употреба на формата и постигнатата просторна хармонија. Употребата на сегментите на небо, земја, воздух и море создава длабочина која ја потенцира безграничноста, динамиката и енергијата со која се поистоветуваме. Делата се издигнуваат со прочистен ментален простор, мир и хармонија. Ликовниот јазик на Моника Д.К. почива на добро познати ликовни елементи, кои што софистицирано го подржуваат визуелниот говор и нејзиниот личен сензибилитет.
Податоци заМоника Десоска – Каргова
- Родена 1973 во Прилеп
- 1997 дипломирала на ФЛУ во Скопје
Награда:
2002 Награда „Љубомир Белогаски“, за успешна изложба за проектот „Простор“ реализиран во 2001 година во Музејот на град Скопје, Скопје
Самостојни изложби:
2018 Живееме, танцуваме, тагуваме…НУ Центар за Култура, Прилеп
2010 Минијатури, НУ Центар за Култура, Прилеп
2009 Светлосна инсталација, Повеќедимензионални
Светови, Мала станица, Скопје
2006 Минијатури, Работилница, Белград, Србија
2004 Видео инсталација, Трчање во круг, Простор 2, Чифте Амам, Скопје
2003 Видео инсталација, Барајќи го дното, Културен центар, Анталија, Турција
2002 Перформанс, Човек и простор, Музеј на современата уметност, Скопје
2001 Простор, Музеј на град Скопје, Скопје
1997 Духовен простор, Уметничка галерија, Прилеп
1997 Од лице до простор, Уметничка галерија, Битола
1992 Поглед кон надвор, Дом на култура, Прилеп
Групни изложби:
2018 Чудесните жени од Колекцијата на Националната галерија на Македонија, Скопје
2017 Годишна изложба ДЛУМ, Мала станица, Скопје
2016 Годишна изложба ДЛУМ, Мала станица, Скопје
2014 Миниатура, НЛБ Тутунска Банка, Скопје
2013 Миниатура, НЛБ Тутунска Банка, Скопје
2008 Внатре – надвор, Мала станица, Скопје
2007 Стар простор-Нова линија, Културен центар „Магаза“, Битола
2007 Ивано Проект VII, Галерија Винсент од Каства, Пула, Хрватска
2005 7 Биенале на млади уметници, Музеј на современата уметност, Скопје
2004 Добитници на наградата „Љубомир Белогаски“, Музеј на град Скопје, Скопје
2003 6 Биенале на млади уметници, Музеј на современата уметност, Скопје
2002 Големо врамување, Музеј на современата уметност, Скопје
2002 Куќа/Хаос, Културна локација „Место“, Скопје
2001 5 Биенале на млади уметници, Музеј на современата уметност, Скопје
2000 Со љубов за Мајка Тераза, Музеј на град Скопје, Скопје
1998 Млади уметници од Прилеп, Дом на култура, Прилеп
1997 III Студенско интернационално арт биенале (СИАБ), Музеј на град Скопје, Скопје
1997 Изложба на дипломирани студенти, Дом на АРМ, Скопје
1993 Студенска изложба, Дом на АРМ, Скопје