Изложба од Христијан Томан

На 19 до 23 јуни 2026 г. во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ беше отворена изложбата „Фузија“ од Христијан Томан. На изложбата, поддржана од Министерството за култура и труизам, авторот се претстави со триесетина дела – дигитални илустрации како и цртежи во помал формат, сите дела во а4 и а3 формат.

-Во мојот визуелен израз се стремам кон дигитална синтеза на книжевните класици, традиционалната илустрација и текстуралната едноставност на графиката. Инспириран сум од безвремената литература и симболи, сакам да ги реинтерпретирам овие приказни преку различни стилови и сопоставувања, инкорпорирајќи ги тактилните квалитети на графиката со ликовни вредности. Дигиталниот медиум ми е цел да ги обедини овие елементи, нудејќи им на гледачите подруга перспектива на познатите наративи, премостувајќи го минатото и сегашноста и поканувајќи ги да ја истражат визуелната сложувалка – вели Томан.

Христијан Томан,  е од  Струга, дипломирал на Факултетот за ликовни уметности воСкопје, отсек графика со насока графички дизајн. Работел како едукатор за визуелни уметности и дизајн. Се занимава со графички дизајн, илустрација. Еден од основачите на здружението ИНКА. Работел како сценограф на СВП, и како продуцент на фестивалот. Од 2018 година работи како соработник за визуелни уметности во НУЦК „Браќа Миладиновци“ Струга.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости

Бидете секогаш во тек со новите случувања