Search
Close this search box.

Изложба на ДЛУП

 

Изложба на ДЛУП



(16 јули) Во изложбениот салон на НУЦК„Марко Цепенков” од петок, шенаести јули, поставена е изложба на дел од членовите на Друштвото на ликовни уметници од Прилеп. Ова е првата од неколкуте поставки кои ќе следуваат и ќе овозможат поголема јавност, промоција и презентација на прилепските сликари, вајари, графичари.

 

Изложбата ја сочинуваат триесет дела, слики работени во различна техника и ќе може да се види во следните 15 дена. На првата изложба на ДЛУП изложуваат: Софија Грабулоска, Дарко Талески, Маја Најдоска, Бојана Артановска-Трпческа, Емил Солески, Емил Димоски, Лепа Милошеска, Александра Богоеска, Дејан Трајкоски, Борис Јованоски, Елена Чагороска, Ристо Тошески, Митко Филипоски, Марија Ѓорѓиоска, Дејан Темелкоски, Анита Сотироска, Стеван Василески, Васил Костов, Моника Десоска, д-р Драган Темоски, Јован Јованоски, Стеван Боцески, Марина Конеска и Марија Костоска.

 

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања