Search
Close this search box.

Изложба од Александар Џинго

Изложба од Александар Џинго

Во ликовната галерија отворена е изложба на дела од прилепскиот уметник Александар Џинго, кој се претставува со 12 дела – колаж.(31.8 – 14.9.2018). Џинго реализирал самостојни и групни изложби, член е на ДЛУП, а учествувал и на повеќе ликовни колонии. Изложбата ја отвори м- р Оливера Богатиноска, која посочи дека Џинго пронаоѓа замислени визуелни композиции и креативни идеи во музиката, костимографијата и графиката како повеќегодишен израз.

-Неговата интелектуална љубопитност создава препознатлив печат, а тоа е спојот на графичкиот дизајн и ликовната уметност. Авторот се определил за техниката – колаж како процес на екпериментирање, кој нуди неочекувани креативни резултати. Основната ликовна синтагма на овие уметнички дела е интеракција на колоритната хармонија и акустичноста на ликовите. Најнеограничената слобода е чистиот уметнички израз. Уметникот се чини дека намерно го прекинува обидот за дијалог на ликовите со публиката, тие одбиваат прашања, не нудат одговори, а изразите на лицата оддаваат рефлексии од сопственото искуство. Најмоќната метафора, кои овие дела успеваат да ја произведат е експрезионизмот добиен преку едноставна прочистена форма на линијата, префинетост на цртежот – наспроти колоритноста на светот во кои ги набљудуваме ликовите. Концептот е постоечки, авторот решил на ликовите кои ги прикажува да им ја одземе реалноста и во моментот кога некој ги набљудува да им овозможи нова реалност. Желбата за идеализирана убавина на ликовите, како видлив атрибут на композициите е видлива преку лесно нагласените движења со кои се поставени контурите на фигурите, наспроти колоритната симбиоза на колажот вечи Богатиноска.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања