Search
Close this search box.

Изложба на м-р Марија Светиева

Изложба на м-р Марија Светиева

Изложбата на академскиот сликар м-р Марија Светиева ја отвори Викторија Димеска, историчар на уметност која посочи дека за авторката реалниот свет претставува побуда за изразување на сопствената интерпретација и животно уверување. (12.04.до 1.5.2019)

„ Со илустративното изразување, уметникот ја симплифицира формата, односно ги редуцира деталите, со цел да стигне до нивната суштина. односно знаковност и симболизам. Преку употребата на примарните бои – црвената, жолтата, сината, како и нивните комплементарни бои, во сопствените чисти форми, Светиева нагласува и потсетува дека „едноставноста е клучна нота за елеганцијата“. Хармонизирајќи ја играта на симболите, ритамот, должината и карактерот на потегот, како и соодветната дебелина на боениот слој, таа создава едноставен и ритмичен свет“ – посочи на отворањето на изложбата Димеска, историчар на уметност..
Марија Светиева дипломирала на Факултетот за ликовни уметници во Скопје, на отсек графика со графички дизајн, кај професор Димитар Малиданов. Член е на ДЛУМ, реализирала стипендија во Болоња, член е на Интернационалното здружение на графичари во Рим. Во 2010 магистрира на отсек графика при Факултетот за ликовни уметности кај професорот Димитар Малиданов. Реализирала бројни самостојни изложби низ Македонија, во Хрватска, Србија, Косово, Чешка, Италија, Швајцарија, Шведска, Германија, како и повеќе групни поставки, а била дел од колонии.
За нејзиното творештво е добитник на повеќе награди.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања