Во петокот, 24 септември во Ликовниот салон на ЦК ,,Марко Цепенков,, беше отворена изложба на слики од Марија Ѓорѓиоска, која воедно го промовира и романот “Изгубено време”. Ѓорѓиоска се претстави со 24 слики – масло на картон со платно работени во последните неколку години.На дел од сликите се насликани пејзажи, додека на шест нејзина творечка преокупација се пештерите.На Ѓорѓиоска, која слика веќе 30 години, ова и деветта самостојна изложба во Прилеп. Има учествувано и на 4 групни изложби. Романот ,, Изгубено време,, во кој се зборува за љубов меѓу двајца млади, го промовира Мирјанка Р. Селчанец, а извадоци читаа Павлина Чочкова и Игор Трпчески.