Search
Close this search box.

Изложба „Состојби“ од Александар Станкоски

Изложба „Состојби“ од Александар Станкоски

Во ликовната галерија е отворена изложбата на слики „Состојби“ од уметникот Александар Станкоски. (13.09.2019 – 26.9.2019)

Изложбата ја отвори Викторија Димеска, историчар на уметност, која посочи дека творештвото на Станкоски се одликува со динамичен цртеж, робусна контура на фигурата и експресивна чиста боја со изразена јасност и моќност.
– Динамичната линија и експресивноста на бојата, како и пародискиот и ироничниот призвук претставуваат основно изразно средство на уметникот при наративното конституирање на композицијата. Меѓутоа, идејата е таа која што претходи во креативниот творечки процес на Станкоски. Па оттука, неговото творештво често се карактеризира и дефинира истовремено како експресионистичко и апстрактно. Во суштина, при процесот на креација и создавање на уметничкото дело, уметникот тргнува од идејата, барајќи соодветни средства и медиуми преку кои најверодостојно ќе ја транспонира. Во творечкиот опус можат да се воочат комбинирани разновидни стилови и елементи, кои имаат функција да го пренесат примарното сфаќање и обликување на определената содржина – стрипот, карикатурата, графитот, цртежот, илустрацијата, фотографијата – посочи Димеска на отворањето на изложбата на дела од Станкоски.

Станкоски има реализирано бројни самостојни изложби во земјата и во странство, перформанси, а оставрил и студиски престои во во Њујорк, Чикаго и Сан Франциско.

 

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања