Search
Close this search box.

Информација за изложба на дела од Кичевската колонија

Информација за изложба на дела од Кичевската колонија

Во изложбениот салон на ЦК„Марко Цепенков“ – Прилеп од денеска па до 25 септември 2019г., е поставена изложба на дела од 25-тата Интернационална Кичевска ликовна колонија. На изложбата се поставени 20 дела од македонски и странски автори, учесници на колонијата, еминентни ликовни уметници, академици и професори кои твореле во прекрасниот амбиент во Куќата на Уметноста во с. Кнежино-Кичево.

Делата се изработени во различна техники, акрил на платно, масло на платно, комбинирана техника, графики и фотографии на изработените скулптури.
Кичевската колонија се одржува 25 години во континуитет и во нејзини рамки од 1994 до 2018 година во креативна творечка и релаксирана атмосфера во хотелот “Куќа на уметноста, авторите создале над 1300 уметнички дела, а во депото во Куќата на уметноста има над 900 дела од светски познати мајстори.

Посетителите ќе можат да видат различни индивидуални светови и пристапи при утврдување на ликовните образци. Секој од овие творци, преку изборот на својот личен ликовен говор ја живее стварноста во конкретниот миг, различна за секој од уметниците. Уметноста во овој случај делува како обединувач, ја гради целината, ги надополнува етничките, географските, временските разлики.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања