Search
Close this search box.

Изложба на дела од Колонијата Дрен 2019

Изложба на дела од Колонијата Дрен 2019
Вo ликовната галерија од Центарот е  отворена изложба на дела создадени на 11-та ликовната колонија Дрен 2019. Изложени се 20 дела од Александар Џинго, Драган Верговски Алпи, Бојана А. Трпческа, Марјан Стојаноски, Верче Николоска, Васил Костов, Тони Чатлески, Атанас Атанасоски, Давид Атанасоски, Дарко ТалескиМетоди Исков и Марта Макеска кои твореа на годинашната колонија, што се одржа во ноември во ликовното ателје на Центарот.

Колонијата, се реализираше со поддршка на Министерството за култура, а делата што се создадени се дел од наследството на ЦК„Марко Цепенков“, кој има завидна колекција на уметнички дела од претходните колонии.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања