ИЗЛОЖБА „ЛУНАРНО- СОЛАРНО, КАМЕНО – МЕТАЛНО, КЛИН“ ОД ДАМЈАН ЃУРОВ
Изложбата „Лунарно- соларно, Камено – Метално, Клин“ од Дамјан Ѓуров, е поставена во Ликовниот салон на ЦК „Марко Цепенков“. Поставката е симбиоза на три циклуси преку техничка и идејна концепција.
Во циклусот Лунарно-Соларно се потенцира на потребата за симболичко доживување на светот и неговиот космоген карактер, додека пак во циклусот Камено-Метално време се навраќа повеке на земскиот карактер и поопипливо ја доловува земската и архаична димензија кај човекот, за на крај во последниот циклус Клин, на сосема различен пристап а сепак симболички, да го соочува човекот со егзистенцијалните проблеми и неговото присуство во општество.
– Циклусите Лунарно-Соларно и Камено-Метално време имаат еден сличен пристап во начинот на кој се комбинираат матријалите и нивното спојување.Симболиката се проткајува низ делата од двата циклуси и преку спојувањето на матријалите и преку идејната концепција.Видно е изоставен фигуративниот приказ на човекот. Во циклусот КЛИН навестувам едно ново поглавје. Од технички аспект во смисла на матријалната концепција, (мислам на комбинирањето на различни матријали)но и преку фигуративниот наративен приказ на анатомијата и самиот човек. Во целата оваа симболичка и историска вертикала, главниот чинител и создавач е човекот и преку него продолжувам да ја толкувам мојата приказна (концепција). Сите овие циклуси имаат за цел да се долови развојот на една мисла како во идејна така и во техничка смисла – вели уметникот Ѓуров.
Дамјан Ѓуров, дипломирал на ФЛУ во Скопје на одделот за скулптура,во класата на професор Беди Ибрахим – насока Керамика. Реализирал самостојни и групни изложби и учествувал на повеќе ликовни колонии.