Search
Close this search box.

„Од меморијата“ изложба од Беди Ибрахим

„Од меморијата“ изложба од Беди Ибрахим

„Од меморијата“ е тематската изложба од уметникот Беди Ибрахим што e отворена во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ .( 20.11. до 3.12.2020)

Конча Пиркоска вели дека самиот наслов на изложбата „Од меморијата“ на Беди Ибрахим, нѝ  реферира на некои временски фрагменти, на акумулирани сеќавања кои се суптилно впишани во  авторовиот  ментален и емотивно визуелизиран дневник.

– Сегашниот избор од страниците на  дневникот, авторот  нѝ го селектира  на девет   различно интонирани реди мејд предмети. Инсистирајќи на нивната изворна морфологија, само со минимална скулпторска и колористичка интервенција и комбинација, авторот на скулптурите и објектите, ќе им ја додели улогата на наратори. Тие, самите за себе, ќе нѝ говорат за нивната функција во времето на нивното време, но и за нашиот индивидуален и колективен заборав. Оттука, во фонот, во потекстот на делата: „Семејно стебло“, „Земја и леб“, „Исчекор“, „Виртуелно огледало“, „Илузија“, „Невестински ковчег“, „Танц“,  авторот во извесна смисла, и себеси ќе се препознае и презентира како конаратор, соучесник, кој ќе ја надополни играта на  нараторите  што се одвива помеѓу имагинацијата и реалноста. Низ ремеморирањето, ќе нѝ ги (пре)раскаже нивните различни приказни, потсетувајќи ги набљудувачите на некои битни универзални пораки…Со овој интердисциплинарен скулпторско-сликарски концепт   не само што ревносно ја доградува неговата лична креативна архитектура на времето, туку  Беди Ибрахим, низ  создавањето нѝ реферира на неговото длабоко разбирање и почитување на законите на редот кои владеат со космичкиот принцип, со принципот на нераскинливата врска на времето минато со времето  сегашно – вели Пиркоска за изложбата на уметникот.

Беди Ибрахим дипломирал на ФЛУ на одделот за скулптура. Бил член на групата „Зеро“. Во 1991г. престојувал на Универзитетот Мимар Синан во Истанбул, како и во ателјето на познатиот архитект Џенгис Бекташ .Во 1992 г. престојувал на Јилдиз Универитетот во Истанбул каде вршел истражувања во Кападокија. Во 1997 г. бил единствен претставник од Македонија на Меѓународното биенале во Истан­бул. Од 1999-2001 г. бил директор на Турската драма. Од 2002 до денес работи на ФЛУ како редовен  проф. на вајарскиот оддел и актуелен декан на ФЛУ. Во еден мандат бил и продекан за настава. Освен со скулптура се занимава и со сликарство и сценографија. Досега има реализиран над 20  самостојни изложби во земјата и во странство и бројни групни учества на локалната и меѓународната сцена. До­битник е на три наци­онал­ни и меѓународни награди.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања