Search
Close this search box.

Изложбата „Релации“ од Игор Таневски

Изложбата „Релации“ од Игор Таневски

„РЕЛАЦИИ“ е изложбата од уметникот Игор Таневски отворена во ликовната галерија. ( 4.06.2021 – 17.06.2021). Гостин во проектот е Филип Ивановски Пепе.

Инсталацијата „Релации“реферира на човековиот однос кон природата и кон животот, воопшто во време на изолација, сепарација и време на карантин каде што запираме на определено време со своите рутински постапки. Инсталацијата се состои од дигитален отпечаток на интервенција во простор, објекти од транспарентна боена пластика или Неколку модели на кооперацијаи полиптих од Филип Ивановски Пепе, кој ги претставува Приказните од нашето секојдневие, изгубената контрола и вредоности во објектите Изгубени работи.

Авторот Игор Таневски вели дека преку експериментирањето со различни технологии и техники при реализирањето на делата се прашува и интересира за прашањата, врзани со елементите, водата, просторната перцепција, како човештвото делува во сегашноста и каква иднина создаваме и, накрај, каков сушност се менува светот…

-Какви релации воспоставуваме едни со други, со природата, во животот, воопшто, секаде во време на паметни технологии и интернет, како пред одредени неопходности… Со визуелно и ликовно истражување во полето на инсталацијата, објектот, сликарството и дигитално обработените видео-фрејмови, уметноста ја доживувам како отворен систем кој константно го шири нашиот спектар за восприемање искуства – вели тој.

М-р Игор Таневски дипломирал на ФЛУ во Скопје. Реализирал неколку самостојни изложби, а добитник е на неколку награди, меѓу кои во 2018 на наградата „Борко Лазески“од ФЛУ Скопје.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања