Search
Close this search box.

Изложба од Владимир Темков во Прилеп

Изложба од Владимир Темков во Прилеп

Во ликовната галерија при ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп отворена e изложба на дела од м-р Владимир Темков, кој пред прилепчани се претставува со 22 дела од циклусот „Бојата на небото и водите во Тиквешијата“.

Академик Блажо Боев за творештвото на Темков забележува дека е вруток на сликартството, како и на сета уметност, наука и филозофија, но пред се на уметноста, најпрвин на нејзините визуелни изблици и дела.

-Темков зборува за убавината на природата на Тиквешијата .Во неговите платна и графики ги изразува искуствата од детство, младост, растење – се до денес. Во сликите се отсликуваат житата, растенијата, онака како ги доживува, вознесено, чудни разубавени, со голема важност. Тиквешијата е инспирација, таа е израз на убавина за Темков, а птиците се посебна тема во неговата уметноста – вели Боев.

Владимир Темков е роден во Кавадарци. Средно уметничко училиште, Педагошка академија и Факултет за ликовни уметности завршува во Скопје, каде и магистрира. Реализирал бројни самостојни изложби во земјата и во странство, а бил дел и од голем број на групни претставувања.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања