Search
Close this search box.

Изложба „Пејзажни фасцинации“ од Атанас Атанасоски

Изложба „Пејзажни фасцинации“ од Атанас Атанасоски
Во Ликовната галерија на ЦК „Марко Цепенков“ поставена е изложбата – инсталација „Пејзажни фасцинации“ од  Атанас Атанасоски. Прилепчани имаат можност да проследат интересна изложба, која е дел од програмата за работа во 2021 на ЦК „Марко Цепенков“, поддржана од Министерството за култура.

Атанас Атанасоски, кој од рециклирани материјали реализира изложби – инсталации, повторно деновиве се претставува со ново дело во ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“. Овој пат тоа е инсталацијата „Пејзажни инсталации“, а идејата за реализација на  проектот е продолжение на претходните, кои имаат за цел да ја бараат естетиката на хармонизирање на соживотот помеѓу природата и човекот.

-Изложбата нуди можност за пристап кон уметничкото изразување, кое поради растечките еколошки и социјалните проблеми станува се порелевантно и социјално ангажирано. За жал, во последно време пластиката за еднократна употреба е дел од нашето секојдневие, количините од овој отпад постојано се зголемуваат и сериозно ја загрозуваат почвата и водите. Рециклирањето и воспоставувањето системи за управување со пластичен отпад е од витално значење за заштита на животната средина. Се надевам дека мојот проект за кој користам употребени пластични шишина ќе потикне решение за овој глобален проблем – вели уметникот Атанасоски.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања