Search
Close this search box.

Изложба на дела од колонијата Дрен 2021

Од 19 до 24 јули 2021 г. се одржа 13-та ликовна колонија Дрен 2021, што ЦК „Марко Цепенков“ ја реализираше со финансиска поддршка на Министерството за култура.

На колонијата твореа 11 уметници од земјава и од странство. (сликарите Мирослав Живковиќ и Снежана Малетин од Србија, Мирјана Крстева Масети, Александра Петкова – Џианели, Буба М. Солак, Драган Најденовски, Новица Трајковски, Владимир Темков, Тони Чатлески, Стефан Малбашиќ и скулпторите Слободан Милошески и Марјан Стојаноски).

Марјан Стојаноски, раководител на ликовната дејност во ЦК „Марко Цепенков“ е задоволен.

-Колонијата помина одлично. Се создадоа вредни уметнички дела кои наесен ќе бидат презентирани на изложба – вели Стојаноски.

За директорот на ЦК „Марко Цепенков“ Јасмина Мицовска Станкоска колонијата е традиција на која се создаваат вредни дела.

-Оваа колонија веќе е во втората деценија и со години на едно место ги собира уметниците од земјава и од странство и зад себе има околу 350 дела кои остануваат како културно наследство. Тоа е големо културно богатство – вели Станкоска.

Задоволни и уметниците.

Буба М. Солак, сликар – На уметниците секогаш им е потребно многу патување, многу дружење. Колониите се непресушна потреба од инспирација, од нови моменти, нови искуства. На колониите има секогаш нови познанства, инспирација повеќе. Потребна ни е нова приказна. По се она што ни се случуваше со пандемијата ова дружење ни дојде како ново освежување. Се твори, ама најважно е дружењето. Уметниците се спонтани, оригинални и нормално е на сите тие средби да се случуваат нови иксуства, тоа е секогаш добро. Околината на Прилеп, пределот на Прилеп ми е секогаш инспирација. Првично се мислев да ја насликам чаршијата, бидејќи ја сакам, но овој пат се одлучув да го пренесам на платното прилепскиот предел.

Мирослав Живковиќ од Србија, сликар

Со самото тоа што сум втор пат во Македонија, на оваа колонија во Прилеп, говори за тоа дека сум задоволен од гостопримството, од дружењето. Одлична организација, пријатни луѓе, кои препознаа квалитет во мојата работа и ме поканија. Условите за работа се одлични. Колониите значат многу за уметниците. Запознаваме нови луѓе, нови колеги кои доаѓаат од различни средини, и тоа придонесува за квалитетот. Инспирација ми се пејзажите од Прилеп.

Слободан Милошевски, скулптор

За нас уметниците колониите се дружење, кои го поттикнуваат творечкиот дух, даваме се од себе да создадеме нови дела кои ќе остават траг од нашето творење. Оваа ликовна колонија има одлична организација. Она што создадов е скулптура во метал која го отсликува Прилеп и неговата архитектура.

Мирјана Крстева Масети, сликар

За мене беше чест што бев дел од колонијата. За нас колониите се многу важни, особено по година ипол што бевме затворени со корона кризата. Тука се создаваат дружби, нови идеи. Презадоволна сум од организацијата. Секогаш ЦК Марко Цепенков има одличен пристап кон уметниците, а организацијата е беспрекорна. Ќе оставам мал дел од себе, дела што ќе го збогатат фундусот на колонијата.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања