Search
Close this search box.

Изложба на графики од Жарко Стевковски

Изложба на графики од Жарко Стевковски

Со самостојна изложба на тема ,, Збир на ликовни значења,, во галеријата на ЦК ,, Марко Цепенков,, се претстави (март 2012) графичарот Жарко Стевковски од Скопје. Младиот уметник изложи 20 графики, работени во период од 2009 до 2011-та година. Делата, се работени во речиси сите цртачки техники – од длабокиот печат – молив, пастел, јаглен, сува игла, бакропис, акватинта, мецотинта… Стевковски, кој магистрирал на одделот за графички техники на ФЛУ, досега имал самостојни изложби во Скопје и во Куманово. Претходно учествувал на групни изложби, меѓу кои на факултетските поставки, на новогодишна мала графика, на Меѓународното графичко триенале, на изложба во МСУ во Белград, како и на манифестацијата Мала графика.


ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања