Search
Close this search box.

Изложба на Магдалена Нунеска

Изложба на Магдалена Нунеска

Во галеријата на ЦК,, Марко Цепенков,, е отворена изложба на слики од Магдалена Нунеска од Скопје, која има прилепско потекло. На првата самостојна изложба насловена ALL STARS претставени се 15 дела од 3 циклуси, работени во техника масло на платно.


Магдалена Нунеска : зошто ALL = STARS?

,,ALL ги означува сите мои изложени дела, нови или ОЛД – стари создадени дела. Индијанците се моите OLD STARS, тие одсекогаш биле моја инспирација, моја голема љубов. Во едно од тие дела колажирани се фотографии од мои стари пријатели кои се изработени како индијанци односно моите ОЛД СТАРС. СТАРС се сите мои блиски (пријатели или роднини). Сите слики кои сум ги создала или ќе ги создадам се исто така, за мене, а можеби еден ден и за јавноста, СТАРС. Моите омилени патики се исто така ALL STARS. Ги има во разни бои како и колоритот на моите слики. И на крајот циклусот со ‘’STARS’’ кои просат се производ од мојата дипломска работа. На сиромашните, бедни работници, луѓе од пониската класа, им ставам глави на познати личности ,,СТАРС,,.. Тие личности, светот ги знае како големи хуманитарци, но си го поставувам прашањето дали тие знаат како е да си на местото на обичните смртници. Мислам дека сега е сосема јасно зошто оваа изложба го носи тоа име. Впрочем, јас во сите мои дела, од различни агли, гледам СТАРС..

БИОГРАФИЈА

Магдалена Нунеска е родена во Скопје на 19 февруари 1985 година. Средно ликовно образование завршила во Скопје каде ја завршила и Ликовната Академија во класата на Јован Шунковски.

Учествувала во повеќе ликовни колонии во земјава и странство: Кумановска ликовна колонија РОМА, Интернационална сликарска колонија при ЦСЛУ-Прилеп, Извидничка Сликарска колонија во Охрид, Ковачица-Србија, Сребреник-Босна и Херцеговина, Сребреник-Мајевица-БиХ, Вишеград-ФИС ВИТЕЗ-БиХ, Горажде-БиХ и др.

Учество на изложби: Годишни изложби на горе наведени колонии, Биенале на млади-Нови Пазар-Србија, Групна Изложба во Дом на култура *М.Цепенков*-Прилеп, Годишни изложби на ДЛУМ, КИЦ-Изложба на мал формат и МКЦ-Trash for art.

Волонтерски, на повеќе проекти, има работено и како реставратор при Републички завот за заштита на спомениците на културата -Скопје.                    

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања