Search
Close this search box.

Изложба на икони од Златко Лечковски

Изложба на икони од Златко Лечковски

Во галеријата на 18 април 2012г. е отворена изложба на икони од битолскиот иконописец Златко Лечковски. На изложбата уметникот се претставува со 40 икони работени во период од 1998 до 2012 година, меѓу кои Богородица (Умиление), Богородица (Поширока од Небесата), Благовестие, Св.Никола, Св.Климент Охридски, Св.Великомачленик Георгиј…

Златко Лечковски, иконописец и фрескоживописец, е роден во Битола – 1982 година. Неговите почетоци се проткаени со сликање на најразлични теми, но подоцна се одлучува и се фокусира само на сакралното сликарство (иконите). Се доусовршува во Црковното ателје (кај двајца иконописци) во Битола – посетувајќи ги 2 години. После следува период на изработка на неколку престолни икони за иконостаси, како и живописување на неколку цркви и мали манастири во преспанскиот дел. 

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања