Изложба на слики од Кирил Гегоски
Во Ликовната галерија е отворена изложбата на слики “Моите соништа на монументалните платна” од нашиот уметник Кирил Гегоски – Гегата.
Уметникот се претставува со две големи платна и повеќе студии акрил на платно создавајќи кохерентна ликовна целина.
Според Викторија Димеска, историчар на уметност, Гегоски создал нови апстрактно асоцијативни конотациии донесува нова концептуална свежина.
– Со промислено и внимателно распоредување на асиметричните форми уметникот создал хармонични и обединети композиции. Вметнувајќи ги кривите и динамични линии ја разигрува конструкцијата и ги дефинира асоцијативните форми.
Со вибрантната колоритна звучност и тонската одѕвонувачка чистина Гегоски го поедноставил сложениот катактер на материјата и ја усовршил функцијата на бојата – рече на отворањето на изложбата Викторија Димеска.