Search
Close this search box.

Изложба на дела од Драган Најденовски, Владимир Симоновски и Стефан Малбашиќ

Изложба на дела од Драган Најденовски, Владимир Симоновски и Стефан Малбашиќ

“Слики и инсталации” е тематската изложба од битолските уметници Драган Најденовски, Владимир Симоновски и Стефан Малбашиќ отворена на 4 мај 2012 во галеријата на ЦК.

 Нивната изложба, иако на прв поглед содржи одредена визуелна хетерогеност, во суштина е суптилно поврзана со специфичен идеен концепт, втемелен на одреден естетски идеал, творечки и креативен импулс кој има свои длабоки причини и корени.


Делата на Драган Најденовски се карактеризираат со  зрелост и скоро совршена прочистеност. Неговиот однос кон композицијата, колоритот и линеарноста, слободно се движи без никакви дилеми или преиспитувања. Во својата ликовност разоткрива еден специфичен филозофски, а во исто време и лирски став кон сопствениот творечки универзум.

 Владимир Симоновски, иако е од помладата ликовна генерација на Битола, има специфичен ликовен израз. Тоа се дела со прочистен, растоварен, елементарен израз.

 Стефан Малбашиќ, целосно е посветен кон ликовноста. Неговиот израз во иконографијата има свој специфичен пат кој директно е во корелација со повеќевековната традиција и разговор со теолошкиот бескрај.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања