,,Крајот на светот каков што го знаеме,,
Младинското Драмско Студио – ,,Театар – Чин 4 Сцена 5,, при НУЦК Марко Цепенков, во април 2012 година, премиерно ја прикажа претставата ,,Крајот на светот каков што го знаеме,, од Алекс Браун, во режија на Андреј Богатиноски.
Претставата е современа драма во 4 кратки делови, меѓусебно независни по дејствие едно од друго. Пренесени се романтика, самоубиствени мисли, пороци и генерациска промена. Претставата нуди јасна порака: светот не е онаков како што постарите го познаваат. Дејствијата се случуваат на 4 најразлични места на планетата, што значи промената го зема својот замав насекаде подеднакво. Ние сме исти – јас и ти…,,
Играат: Исидор Јованоски, Наталија Ристеска, Дарко Карбески, Александар Пусоски, Марио Стојаноски, Виктор Мирчески, Симона Трајческа и Ангела Димеска
Костимографијата и музиката се плод на колективноста помеѓу членовите на драмското студио.