Search
Close this search box.

Слики од Гордана Талевска

Најдо Тодески

        Слики од Гордана Талевска

        Со изложба на слики во галеријата на Центарот од 18 до 31 мај 2012 година се претставува битолската уметницаГордана Талевска. На првата самостојна изложба во Прилеп уметницата се претставува со 24 слики, работени во последните неколку години.

             Таа е дипломиран сликар од Универзитетот,, Неофит Рилски,, од Благовеград, Бугарија во класата на Емил Куков и Игнат Игнатов.

             Претходно самостојни изложби имала во родната Битола, во Кавадарци и во Неготино, како и бројни групни изложби.

            Член е на ДЛУП Битола, на повеќе уметнички друштва, а дел од своите дела ги создавала на ликовни колонии низ Македонија и во Бугарија. Учествувала и во реализација на бројни уметнички проекти, како што е и конзервација и реставрација на предмети од археолошки истражувања на Јени џамија, на Хераклеја… 

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања