Search
Close this search box.

Цртежи и графики од Димитар Малиданов

Цртежи и графики од Димитар Малиданов

          Во галеријата беше отворена (1 јуни- 2012) изложба на цртежи и графики од Димитар Малиданов, редовен професор на ФЛУ во Скопје.

Уметникот дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Љубљана.

          Со графиките авторот отвора влез во еден неисцрпен и нездогледлив свет исполнет со многу оригинални семиотички и архетипски знаци и симболи. Открива една нова градба на графичката уметност, исполнета со необична убавина.

          Досега реализирал 30 самостојни изложби, а учествувал на преку 200 групни во земјата и странство. Малиданов е добитник на награди и признанија, меѓу кои наградата за уметност – 11 Октомври.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања