Изложба на слики од колонијата Дрен
Изложба на слики од петата колонија Дрен што ја организираше ЦК,,Марко Цепенков,, во јули, е отворена на седми септември во ликовниот салон. На увид се 50 дела – пејзажи, апстрактни слики, скулптури создадени од годинешните учесници – Светлана Солодовникова, Тони Чатлески, Олга Петракеева, Драгана Бранковиќ, Мита Ристиќ, Сергеј Дамовски, Христина Зафировска, Владимир Кнежевиќ, Силвана Атанасовска, Мирослав Стојановиќ, Верче Димовска, Стефан Малбашиќ, Анка Данаиловска, Владимир Темков и Илина Арсова.
Напоредно во другата галерија на Центарот, по повод петгодишниот јубилеј од одржувањето на колонијата Дрен, но и во чест на празникот Осми септември, поставена е рестроспективна изложба од претходните години.
Со изложбата, Центарот, ја заврши годинешната манифестација ,,цело лето – културно лето,, што ја реализираше во соработка со општина Прилеп, а понуди над дваесетина настани квалитетни настани – концерти, изложби, театарски претстави.