Search
Close this search box.

Изложба ,,Етно приказни,, од Драги Хаџи Николов

Изложба ,,Етно приказни,, од Драги Хаџи Николов

На 10 октомври 2012 во галеријата на НУЦК ,,Марко Цепенков,, по повод националниот празник 11 Октомври, беше отворена изложбата ,,Етно приказни,, од Драги Хаџи Николов. Уметникот се претстави со 27 слики, за кои Васко Ташковски вели  дека се извлечени од пазувите на минатото.

-Тој за момент го запира времето сегашно, за во своите слики да го наслика времето минато и да го испрати како документирана порака за времето идно. Секако во лепезата на мноштвото ликовни тенденции постојат и автори кои своите дела, проекти, објекти или инсталации ги подкрепуваат со многу изречени зборови, многу теории свои или од некој куратор. Очигледно таквите слики или дела не можат самите да зборуваат ниту за себе ниту пак за авторот,ако некој не ги дообјаснува, но тоа е една сосема друга приказна – потенцира Ташкоски..

– Овие сакрализирани катчиња од македонската куќа, што овој сликар ги слика со една несомнена љубов и со вдахновена смисла за детаљот, не потсетуваат на оние инспирирани и инспиративни рецови што Гастон Башлар, тој филозоф кој ја испитува -како што тој самиот би рекол -“интимноста на материјата”, ги посветува, во “Поетика на просторот”, на деловите кои го сочинуваат внатрешниот космос на куќата – вели Владо Урошевиќ.

Драги Хаџи-Николов – Аџи е роден на 04.07.1956 во Скопје. Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, отсек сликарство. Излагал повеќе пати самостојно и групно во земјата и странство. Живее и работи во Гевгелија.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања