Премиера на претставата,, Многу врева за ништо,,

Премиера на претставата,, Многу врева за ништо,,

,,Многу врева за ништо,,( Од влакно ортома) од Вилијам Шекспир, во адаптација и режија на Ива Милошевиќ, е  претставата која на 21.10. 2012 од 20 часот премиерно ќе ја изведе театарот ,,Војдан Чернодрински,, од Прилеп.  Шекспир е во превод на Драги Михајловски.

,,Многу врева за ништо,,  е современа претстава.

– Претставата одлично коренспондира со духот на времето во кое живееме, време кое се одликува со борба за моќ и освојување на општествениот статус. Во таа игра, бракот и животниот сопатник се доживуваат како уште еден трофеј со кој се потврдува сопствената моќ. Ваквиот систем на вредности е виновникот за денешниот сеприсутен циничен однос кон љубовта. За среќа, љубовта е жилава билка која никнува баш таму кај што најмалку ја очекуваме,, – вели  режисерот Милошевиќ.

Играат Зоран Иваноски, Димитар Ѓорѓиевски, Никола Настоски, Александар Степанулески, Андон Јованоски, Владимир Ѓорѓијоски, Марјан Чакмакоски, Наташа Наумоска и Даниела Иваноска.

          Сценограф е Горчин Стојановиќ, костимограф Раде Василев, а режисерката Ива Милошевиќ, го направи изборот на музиката. 

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости

Бидете секогаш во тек со новите случувања