Search
Close this search box.

Изложба на карикатури од Драги Башески и Орде Стамболџиоски

Изложба на карикатури од Драги Башески и Орде Стамболџиоски

На 2 ноември 2012 г. во галеријата на НУЦК,,Марко Цепенков,, во Прилеп беше отворена изложба на карикатури од прилепските автори Драгољуб Драги Башески и Орде Стамболџиоски. Творците се претставија со по стотина карикатури работени подолги години.

Драги Башески е долгогодишен новинар. Повеќе децении е поврзан со спортот, репортерството, но и со карикатурата. Почнувајќи од 1958 година работел во повеќе медиуми. Пишувал за Радио Прилеп, Радио Скопје, Вечер, Остен, Коприва, Народен глас, Македонски спорт. Автор е на книгите,, Предадени,, ,,Родот Башески од Варош,, и ,,Перото на прилепските новинари,,. Добитник е на третоноемвриска награда на град Прилеп.

Орде Стаболџиоски години наназад слика икони, за кои вели дека го изразуваат духот на човекот и безграничноста на уметноста. Има реализирано три самостојни изложби во Прилеп, Битола и во Охрид, а учествувал и на групни.  

Напоредно се занимава со карикатурата. Има создадено бројни карикатури на различни теми, од кои дел ги објавувал во Народен глас. 

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања