Search
Close this search box.

Слики од Васил Костов

Слики од Васил Костов

Во галеријата на ЦК,,Марко Цепенков,, отворена е изложбата на слики ,,Карпести приказни,, од уметникот Васил Костов, кој се претставува со 15 дела.

Досега реализирал 20 – тина самостојни изложби, повеќе од стотина групни. Учесник е повеќе ликовни колонии.

Васил Костов – Карга е исклучителен автор, сликар, човек. Уште од почетокот на шеесетитте години на дваесеттиот век, па се до денес, многу прецизно, восхитувачки точно го испишува своето ликовно писмо, оригинално до совршенство. Тематските интересирања на сликите во ,,Карпести приказни,, се каменот, природата, објектите, пределот. Со истанченост на мајстор во занаетот – масло на платно, во Карпестите приказни или Дедостен, Крик, Кај врбите, Предел, Стени и врвови е редок проценувач на немирните убавини и реткости во македонскиот предел. Со филигранска прецизност, со чистина во зафатите и кадрите, до перфекција, со минциозна прецизност во пренесувањето на детаљите е силен и суптилен дух кој не води во вечноста на убавината. Изложбата не води низ универзумот кој е сместен во еден сон, а вековите во една ноќ – вели  Панде Ристеска.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања