Search
Close this search box.

Изложба на Тома Димовски

Изложба на Тома Димовски

Изложба на слики –  акрил од Тома Димовски е отворена  (30.11.2012) во ликовниот салон на ЦК,,Марко Цепенков,,. Уметникот  се претстави со 20 дела работени во изминатите неколку години. Изложени се дела кои се направени од 2000 година па наваму. Многу од овие слики  првпат се претставуваат во Македонија, а два пејсажа од Лазарополе се направени во месец октомври.

Тома Димовски дипломирал етнологија на ПМФ. Слика од 13 години. За време на своите студии паралелно ги истражува тајните на сликарството. Во ова му помагаат неколку негови постари пријатели дипломирани сликари вајари и историчари на уметноста.

После дипломирањето започнува да ги реализира своите самостојни (десетина), а поретко групни изложби. После 2000 година прави и неколку инсталации, а од 2008 наваму се интересира и за звучната скулптура. Учествува на повеќе ликовни колонии во Македонија и Србија. 

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања