Изложба ,,Уметниците во чест на Св.Никола,,
,,Уметниците во чест на Св.Никола,, е тематска изложба што беше отворена (18.12.2012) во ликовниот салон. Изложбата е посветена на патрониот празник на градот, а се изложени 30-тина дела од 18 уметници од цела Македонија – од Прилеп, Битола, Гевгелија, Куманово, Кратово, кои творат на тема Св.Никола.
Со свои дела се претставуваат уметниците: Драги Хаџи Николов, Александар Тасески, Синиша Кашавелски, Борче Тодороски, Стојанче Андонов – Дито, Александар Тодороски, Мики Трендафиловски, Славица Михаилова, Никола Топчиоски, Златко и Соња Лечковски, Марта Макеска, Наде Тоскоска, Стеван Боцески, Орде Стамболџиоски, Дејан Трајкоски – Гуштеро, Бети Макеска, Александра Јовеска и Бојана А.Трпческа.
Изложбата Центарот за култура, за првпат, ја организира во соработка со Општина Прилеп по повод празникот – заштитник на градот Св.Никола.