Изложба на мозаици
Изложба на мозаици “Збирка 2012” е отворена во галеријата на НУЦК ,,Марко Цепенков,,, (21.12.2012) на која се претставуваат уметниците Александра Богоеска од Прилеп и Мирослав Лазовиќ и Петар Вујошевиќ од Србија.
Мозаиците се збирка на дела со различни мотиви, теми од секојдневието, цветни мотиви и симболика на природата.
Александра Богоеска, дипломирала на Факултетот за ликовна уметност во Скопје. Има реализирано повеќе самостојни и групни изложби.
М – р Мирослав Лазовиќ работи како професор на Факултетот за применети уметности во Белград, а има реализирано 9 самостојни изложби. Исто така има учествувано на многубројни групни изложби и колонии.
М – р Петар Вујошевиќ – ФЛУ Белград – отсек ѕидно сликарство. Член е и еден од основачите на групата “Аметист”која организира многубројни изложби за мозаици.