Search
Close this search box.

Изложба од Ќука, Настески и Соломонова

Изложба од Ќука, Настески и Соломонова

Изложба на дела од Ема Ќука, Ивана Настески и Сандра Соломонова отворена е во галеријата (11.1.2013). Трите македонски уметници се претставуваат со 30 дела – слики и графики.

Битолачанката Ема Ќука завршила ФЛУ во Скопје(педагошки отсек со графика) во класата на проф. Д-р Зоран Јакимовски. Член е на ДЛУБ. Имала самостојна изложба на манифестацијата Бит-Фест 2012г, учесник е на ликовната колонија,,Нижо поле,,, на групни изложби на ДЛУБ, на Графичкото триенале – Битола.

Тетовчанката Ивана Настески дипломирала на ФЛУ во Скопје -отсек графика, каде што подоцна и магистрирала. Член е на ДЛУМ. Досега самостојно се претставила во Скопје, Белград, Шабац, Дрезден, Тетово, а на групни изложби освен во Македонија учествувала и во Мексико, Србија, Шпанија, Бугарија.  Била дел од повеќе колонии. За нејзиното творештво  наградена е со наградите Октомвриски салон во Шабац, на четвртото интернационално биенале – мала графика во Тетово и со Гран при за графика на ДЛУМ.

М-р Сандра Соломонова е диполомиран педагог графичар од ФЛУ Скопје во класата на д-р Трајче Блажески. На овој факулет и магистрирала. Досега имала самостојни изложби во Скопје, Струга, Охрид,, а учествувала и на групни  во земјата и странство.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања