Уметниците по повод Осми март
Под мотото, ,,Уметниците по повод Осми март,, ЦК,,Марко Цепенков,, ја реализираше манифестацијата Брзо сликање, на која по повод меѓународниот ден на жената сликаа уметниците – членки на Друштвото на ликовни уметници од Прилеп – Бети Макеска, Емилија Ѓорѓиоска – Димоска, Вера Николоска, Наде Тоскоска, Ангелка Башеска, Марија Ѓорѓиоска, Лепа Милошеска и Александра Ацеска.
ЦК ,,Марко Цепенков,, четврта година го одбележува Осми март на креативен начин.
– Задоволни сме што имаме можност на инвентивен начин да го одбележиме празникот – рекоа годинашните учеснички.
Делата создадени на манифестацијата ќе бидат изложени на изложба.
Инаку, Центарот на 22 март ќе организира аукција на уметнички дела, а собраните средства ќе бидат донирани за обновата на манастирот Трескавец.