Search
Close this search box.

ИЗЛОЖБА НА ПЛАКАТИ РОДЧЕНКО

ИЗЛОЖБА НА ПЛАКАТИ РОДЧЕНКО

На 22. 3. 2013 во Галеријата е отворена изложбата на плакати Родченко и сиже од 20 современи руски графички дизајнери. Над 20 плакати, вклучувајќи ги меѓу другите оние на Јури Гилтов, Еугениј Добровински, Елена Китаева, Александар Лаврентиј-Родченко, Дмитри Закаров, Мајкл Аникст, се дел од светската иницијатива за прославување на 120 годишнината од раѓањето на Родченко, која ја иницираше руската Академија за графички дизајн и Биеналето за графички дизајн ,,Златна пчела,,.

Александар Родченко е можеби најсестраинот конструктивист и продуктивист кој творел по октомвриската револуција во Русија. Неговите дела се сведок на времето во кое настанува суштествена промена на процесот на творење, но и на формите на пренесување на уметничката порака. Тој поставува стандарди на една нова култура и уметничка ангажираност, го трасира патот на поинаква од дотогашната естетика во сликарството, фотографијата.

Изложбата е  плод на културната соработка меѓу Македонија и Русија, а Центарот  ја организира во соработка со Плакарт.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања