Изложба на дела од колонијата Михајлово – Кавадарци
Изложба на дела од ликовната колонија Михајлово од Кавадарци е отворена во галеријата (12.4.2013). На изложбата се изложени 22 дела (избор од двете колонии од 2011 и 2012 година) од реномирани уметници – учесници на колонијата од земјата и странство, меѓу кои Трајче Блажевски, Татјана Медарова, Тони Чатлески, Виталиј Бондаренко, Анка Данаиловска, Гордана Талевска, Светлозар Захариев, Ана Јанева и други, од Македонија, Бугарија, Украина…
Изложбата Центарот ја реализира во соработка со Домот на културата ,,Иван Мазов – Климе,, од Кавадарци, кој е организатор на колонијата.
Ефтим Клетников за колонијата ќе рече: ,,Еве не пред делата на ликовната колонија ,, Кавадарци – Михајлово,, Презентирани тука за да сведочат за Убавината, онаа која според големиот утопист Достоевски ќе го спаси светот. А тој свет со новите технологии и филозофијата на материјалниот профит, рака на срце, е се подалеку од неа и од Уметноста… Сликарите од Македонија, Украина, Полска, Хрватска, Србија, Турција, Словенија и Бугарија, застанаа пред белиот метафизички простор на платното, за да го исполнат инспиративно, покажувајќи ја моќта на својот талент со обоени соништа и возбудливи ликовни фантазии,,.