Изложба на скулптури од Никола Смилков
Изложба на скулптури од д-р Никола Смилков е отворена во галеријата на Центарот. Вајарот пред нашите сограѓани се претставува со 12-ина дела, за кои Горанчо Ѓорѓиевски вели дека се од областа на апстрактно-геометризираната скулптурална форма.
–Секое негово дело е конципирано како монументално дело. Смилков преку уметноста ги разјаснува своите мисли за скулптурата како неограничен и бескраен простор на изразување – вели Ѓорѓиевски.
Никола Смилков е професор на Универзитетот ,,Гоце Делчев,, во Штип. Досега реализирал повеќе проекти, самостојни изложби во Штип, Скопје, на групни во Велес, Скопје, во Велико Трново и Шумен во Бугарија, Даниловград во Црна Гора, во Србија, Словенија…
Добитник е на повеќе награди, меѓу кои прва награда за спомен обележјето ,,Бранителите на Македонија,, награда за скулптура на ДЛУМ ,,Димко Тодороски,, како и за Спомен-обележјата Александар трети Велики Македонски и Аристотел во Штип.