Изложба на Александар Станкоски
Во салонот на Центарот отворена е изложба на слики (26.6.2013) , од уметникот Александар Станкоски. Изложбата е ретроспективна, а Центарот ја реализира во соработка со Дирекцијата за култура и уметност од Скопје во рамките на проектот ,,Кич, да – Сте или не?
Станкоски е роден во Кичево, Македонија. Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Реализирал студиски престои во Њујорк, Чикаго, Сан Франциско и Келн.
Имал самостојни и групни изложби во земјата и странство. Автор не анимирани филмови, на стрипови, како и на други публикации и перформанси.