Search
Close this search box.

“Апстрактни варијации” од Илија Узуноски

“Апстрактни варијации” од Илија Узуноски

“Апстрактни варијации ” е тематската изложба на фотографии од Илија Узуноски, отворена во галеријата во рамките на манифестацијата”Прилепско културно лето”.

Уметникот, кој живее и работи во Австралија пред нашите сограѓани за првпат се претставува со 30 фотографии. Узуноски дипломирал на Машинскиот факултет во Скопје, а апсолвирал на постипломски студии на Градежиот факултет. Пред да замине за Австралија работел како главен проектант во проектантско биро во Битола. Во 1987 кога емигрирал во Сиднеј, Австралија, го продолжил образованието, завршувајќи Колеџ за фина уметност, група фотографија. Подоцна  завршил постипломските студии на  истиот универзитет и магистрирал на скулптура, а потоа и на ликовна уметност. Тој е единствен член од Македонија на Мултикултурната група на уметници “Се е за Вас” во Сиднеј.

Досега реализирал повеќе самостојни и групни изложби во Австралија,  Битола, Велика Британија, Њујорк,  Северна Кореа, САД, Русија, Кина. Добитник е повеќе нгаради за фотографија, а моментно  работи на завршните активности за печатење на книгата ” Македонска Уметност во Сиднеј преку Портрети” во која ке бидат публиковани уметнички портрети на Македонци кои живеат и творат на австралиските простори од различни области на уметноста – сликари, музичари, скулптори, писатели, модни креатори. 

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања