Search
Close this search box.

“Скулптури на новото време 2013”

“Скулптури на новото време 2013”

Во галеријата на Центарот е отворена биеналната скулпторска изложба “Скулптури на новото време 2013” (27.9.2013 – 10.10.2013), на која се изложени скулптури од 19 уметници од Македонија, меѓу кои и на петмина прилепчани.

На изложбата се претставуваат:
Александра Богоеска – “Девојка”, камен, 30х30х9, 2012 – Прилеп
Марјан Стојаноски – “Јас и ти”, дрво, 38х86х20, 2012 – Прилеп
Влатко Зафирковски – “Девојче”, дрво и метал, 34х10х35, 2010
Ристо Станковски – ” Далечина “, комб.34х34х34, 2013
Александар Јанев – ” Скулптура 1 ” – дрво, метал, 20х20х52, 2011
Јордан Јанев – “Танцхерка “, дрво,метал, 10х10х52, 2002
Маја Танева – “154 “, калај, сајла, комб., 17х23х16, 2013
Беди Ибрахим – “Карма”, комб.26х10х10, 2013
Нела Јанковска – ” Вресок”, комб. 43х23х15, 2012
Ангел Коруновски- “24”, мермер и гранит, 24х30х13, 2013
Сашо Саздовски – ” Премин ” , мермер, 10х10х24, 2013
Бранко Величковски – “Неготинка “, теракота, 36х14х18, 2006
Горан Ѓорев – “Зближување”, мермер, 47х10х15, 2011
Емил Солески – ” Дувло”, алуминиум, 30х30х30, 2013 -Прилеп
Атанас Атанасоски – ” Цик-цак орнамент “, мермер, 22х22х22, 2013 – Прилеп
Томе Бундевски – “Енигма на љбовта”, мермер, 40х28х15, 2013
Влатко Николоски – “Дуализам “, мермер и лискун, 27х27х45, 2013 – Прилеп
Димитар Самарџиев – “Жена ” , бронза и дрво, 46х35х20, 2013
Стојче Тоциновски – “Гитарист “, бронза, 20х17х14, 2005
…”Менувањето на просторот во којшто се движиме и делуваме отсекогаш бил предизвик за креативни автори коишто без оглед на радикалноста биле спремни да ги споделат своите идеи со пошироката публика. Ништо не е толку моќно во просторот како што е оригинална авторска скулптура којашто прави конекција помеѓу гледачот, авторот, просторот и времето. Можеби на оваа изложба ќе препознаете токму такво дело што ќе ве освои на прв поглед…вели Роберт Цветковски, историчар на уметноста, од ЦК од Куманово.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања