Search
Close this search box.

Изложба на фотографии

Изложба на фотографии
Прва клубска изложба на фотографии “Јордан Зазоски – Зазо” на Фото кино клубот Прилеп е отворена ( 4 .10 до 19.10 ) во изложбениот салон. На изложбата претставени се 66 фотографии од Александар Кочоски, Александар Ристески, Анастасија Бошкоска, Виктор Керов, Дарко Митрески, Оливер Ангелески, Горан Попоски, Димитар Ристески, Габриел Стојаноски, Зоран Пилоски, Љубче Ристески, Христијан Конески, Мики Николоски, Славчо Лазоски, Божидар Барлакоски, Емил Солески, Каролина Мицевска, Даниел Стојаноски, Кристијан Ѓорѓијев и Александар Десоски.

Фото кино клубот постои од 1984 година, кога се споија двата клуба” Златоврв” и “Еделвајс”. Најголемите успеси ги има постигнато во 90 години од 20 век. Од 2000 година па наваму е добитник на повеќе награди, меѓу кои на Златна камера 300 за филмот” Нема разлика”, награда во Омољица за филмот “Додека надежта живее”, а минатата година се закити и со златна плакета за камера.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања