ИЗЛОЖБА НА РЕШАТ АМЕТИ
На 8 ноември 2013 година во галеријата на Центарот беше отворена изложба на слики од уметникот Решат Амети, годинашен добитник на државната награда “11 Октомври”. Уметникот за првпат во Прилеп се претстави со 20 дела.
Ефтим Клетников за сликите на Амети:
– Нивната ликовна поетика е онтолошка, исполнета со метафизички квалитет и тогаш кога истата е навидун амблемска и комбинирана со геометриски знаци и облици. Делата секогаш имаат длабок ментален звук и секогаш се раствораат во светлината. Интуитивната енергија што зрачи од нив префинето и топло, честопати остава впечаток дека сликите на овој сликар како производ на душата се едноставно одсонувани. Онаа душа која што е и во свесна и во несвесна сојстојба, постојано будна и создава убавини.
Биографија за Амети – редовен професор по сликарство на Факултетот за уметности на Државниот универзитет во Тетово, Македонија. Надворешен соработник по предметите Цртачки и сликарски техники и методика на ликовно образование на Педагошкиот факултет „Св.Климент Охридски” ‡ Скопје, Македонија. Визитинг-професор по сликарство на Интернационалниот универзитет во Нови Пазар,Србија
Самостојни изложби во Македонија, САД, Германија Белгија, Холандија, Бугарија, Аллбанија, Косово…