Изложба на фотографии “Прекрасната Кина”
Во среда, 27 ноември во ликовниот салон на ЦК “Марко Цепенков” беше отворена изложба на фотографии “Убавата Кина”(Прекрасната Кина).
Изложбата Центарот ја реализира во соработка со општина Прилеп и Амбасадата на НР Кина во Македонија.
Изложбата е заедничката визија на кинескиот народ за подобар живот. Претставени се реалностите и соништата на луѓето, природата и креативноста на човештвото.
На 60 фотографии е доловена Кина со сите елементи – зелените планини, бистрата вода, хармонијата меѓу човекот и природата.