Изложба на слики од Роберт Цветковски
Во петокот, 29 Ноември во галеријата од ЦК ,, Марко Цепенков,, беше отворена изложба на слики од уметникот Роберт Цветковски, кој ќе се претстави со над 30 дела.
Податоци за уметникот:
Роден 1965 година во Куманово. Дипломирал на Факултетот за ликовна уметност во Скопје 1989 година во класата на Ана Темкова. Работи во гимназијата во Крива Паланка како ликовен педагог.
Самостојни изложби:
2013 – Кавадарци – Дом на култура
2013 – Неготино – Градски музеј
2011 – Скопје, Грал – Галерија
2010 – Крива Паланка, Центар за култура
2010 – Скопје – КИЦ
2009 – Лексингтон – САД, Галерија Асоларе
2009 – Силер Сити – САД, ПАФ Галерија
2008 – Карборо / Чапел Хил – САД , Меин Стрит Галерија
2008 – Крива Паланка, Центар за култура
2007 – Подгорица – Црна Гора, Уметнички павилјон
2007 – Пекинг – НР Кина, Јун галерија
2007 – Карборо / Чапел Хил – САД, Сизл Галерија
2005 – Карборо / Чапел Хил – САД, Сизл Галерија
2004 – Фејтвил – САД, Фејтвил музеј
2004 – Карборо / Чапел Хил – САД, Сизл Галерија
2004 – Винстон Салем – САД– Реалис Галерија
2004 – Вилмингтон – САД, Акме Арт Галерија
2001 – Штип, Центар за култура
1998 – Прилеп, Центар за култура
1998 – Неготино, Градски музеј
1995 – Варна– Бугарија, Галерија Палас
1995 – Куманово – Центар за култура
1994 – Крива Паланка, Центар за култура
1994 – Скопје – Галерија Стоби
Авторот е учесник на повеќе од двесте групни изложби во земјата и светот.
Селектирани групни изложби:
2005 – Флорида – САД, Сидар Парк Колонија, Бока Ратон
2004 – Њујорк – Корк Галерија, Ајвери Фишер Хал, Линколн Центар
2000 – САД, Колонија „Без граници“, Болд Хед Ајленд Клуб
2000 – Вилмингтон – САД, Акме Арт Галерија
2005 – САД, Група Асоларе – Солзбери – Арт Центар
Учество на колонии.
Авторот има учествувано на 50-ина колонии во земјава и светот во периодот на 1989-2013.
САД – 2000, 2004, 2005
Србија – 2002, 2009
Босна и Херцеговина – 2002
Бугарија – 1994, 2000, 2008
Делата на авторот се наоѓаат во голем број приватни колекции во: САД, Кина, Јапонија, Норвешка, Швајцарија, Германија, Хрватска, Црна Гора, БиХ, Турција,Србија, Бугарија,Македонија.
И во постојани колекции – Центар за современа уметност – Подгорица – Црна Гора.